Заштитете ги Вашите податоци
MCS Cloud Backup
Што е MCS Cloud Backup
MCS Cloud Backup е систем на автоматска заштита на базите на податоци, која на дневно ниво се врши потполно автоматски преку јавен интернет со примена на заштитен трансфер со безбедни протоколи.
Како работи MCS Cloud Backup
Вашите бази на податоци во одредено време во текот на секој работен ден, на Вашиот сервер или компјутер се спремаат во пакети и истите потоа се превземаат на нашиот глвен сервер за заштита на податоци. Потоа тие пакети се преврлаат на повеќе од три локални off-line storage сервери, кои се активираат само во одредено време за да ги превземат податоците по што се исклучуваат.
Како Ве информира за извршената заштита на Вашите податоци
По превземањето на пакетите на Вашата електронска адреса се испраќа порака за направената заштита на податоци. Во случај да во зададеното време за превземање, не биде активна Вашата интернет конекција или поради струјни прекини не Ви работи Вашиот сервер, системот не известува дека заштитата не е направена. Со тоа имате увид во извршувањеот на заштитата и можност за благовремена реакција по евентуалени проблеми со истата.
Безбедност на Вашите податоци
Вашите бази на податоци се чуваат во форма на пакети кон кои нема директен пристап (off-line storage сервери). Истите се користат за враќање на Вашите податоци само во случај на дефект на Вашиот сервер предизвикан од неисправен хардвер или од вируси.
За Вашите податоци исто така важи и нашата Политика за приватност
Побарајте активирање на MCS Cloud Backup на тел: +389 75 277-308 и по најмногу два работни дена, користете ги предностите на MCS Cloud Backup.