`

SaaS - Софтвер како услуга

MCS SaaS апликации

MCS SaaS

Претставува користење на софтвер во вид на услуга без купување на трајна лиценца за користење и без инсталација на Ваш сервер. Со соодветна претплата добивате на користење соодветна апликација инсталирана на наши сервери која во вид на SaaS, Ви овозможува работење од далечина, од било каде во светот со едноставно логирање на интернет пребарувач или посебен програм за поврзување. Можете да работите преку сите оперативни системи или интернет пребарувачи на десктоп компјутери и таблети. Секојдневната автоматска заштита на базите на Вашите податоци се врши без прекини во Вашето работење.

Повеќе не Ви е потребен сервер

се што е потребно од хардвер е обезбедено од наша страна, 24/7 365 дена во годината, сето тоа обезбедено со непрекинато напојување и генератори на струја. Стабилната и брза интернет конекција со висока заштита од вируси и малвери. Ви овозможува ефикасност и слобода на движење во вашите секојдневни работни активности. Работењето во мрежа со голем број на Ваши вработени е едноставно и брзо како што никогаш досега не било возможно.

Печатење и електронски пораки

Испечатете ги Вашите документи или испратете ги истите директно преку електронска пошта. Поддржани се и фискални каси и фискални принтери.

Без грижа за Вашите податоци

Автоматската заштита на податоци и безбедносните протоколи, Ви овозможувааат да работите без грижа за хардвер, напади од вируси или губиток на податоци.

MCS SaaS
секаде, во секое време

Сите потребни информации и документи на дофат со нашите сеопфатни софтверски пакети кои ги надминуваат можностите на класичните програми за комерцијално, материјално и други видови на работење.

MCS SaaS претставува палета од повеќе софтверски пакети:

  • MCS Small Office
  • MCS Office Expert
  • MCS Office Enterprise

Нашата SaaS платформа на софтверски пакети ќе го направи Вашето работење комфорно и високо ефикасно. Вие треба само да одберете кој од нив најмногу одговара на Вашите потреби.

MCS SaaS

SaaS апликации

MCS Small Office (SaaS)

По содржина еднаква на стандардната Windows™ десктоп апликација со истото име

MCS Office Expert (SaaS)

По содржина еднаква на стандардната Windows™ клиент-сервер апликација со истото име

MCS Office Enterprise (SaaS)

По содржина еднаква на стандардната Windows™ клиент-сервер апликација со истото име